Оглас бр. 1/2022 за продажба на движен имот по пат на усно јавно наддавање

13.10.2022

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје објавува оглас за продажба на движен имот по пат на усно јавно наддавање. Движниот имот се состои од три патнички моторни возила во сопственост на Банката и тоа:

 

1.1 марка: ФИАТ, тип/модел: PUNTO STILE 5 P, со регистарска ознака SK-957 VB, број на шасија: ZFA17600001198622, броj на мотор: 0184261, година на производство 1999, сила на моторот 63 KW, работна зафатнина на моторот 1242, боја на каросерија: бела, поминати километри 112212 км, регистрирано до 12.06.2023 година, возилото е во возна состојба и со платен ДДВ.
Почетна цена: 38.225,00 денари.         

1.2 марка: ФИАТ, тип/модел: PUNTO, со регистарска ознака SK-643 НМ, број на шасија: ZFA1880000665718, броj на мотор: 0941598, година на производство 2003, сила на моторот 70 KW, работна зафатнина на моторот 1368, боја на каросерија: метално плава, поминати километри 325213 км, регистрирано до 25.03.2023 година, возилото е во возна состојба и со платен ДДВ.
Почетна цена: 46.128,00 денари.

1.3 марка: PEUGEOT, тип/модел: 407 Premium 2.0 E, со регистарска ознака SK-392 SZ, број на шасија: VF36DRFJC21744581, броj на мотор: 10LH5E1725222, година на производство 2009, сила на моторот 103 KW, работна зафатнина на моторот 1997, боја на каросерија: сива металик, поминати километри 445029 км, регистрирано до 17.04.2023 година, возилото е во возна состојба и со платен ДДВ.
Почетна цена: 98.386,00 денари.

 

2. Право на учество на усното јавно наддавање

Право на учество имаат сите домашни и странски физички и правни лица. Право на учество на јавното наддавање имаат лицата кои ќе уплатат паричен депозит во износ од 10% од почетната цена на возилото/возилата за кои ќе наддаваат.

Заинтересираните лица се должни да го уплатат паричниот депозит на сметката 100000000035062 Народна банка на Република Северна Македонија, најдоцна до 16:00 часот претходниот работен ден пред одржување на јавното наддавање.

Во уплатницата за плаќање на депозитот се наведува редниот броj/броеви на возилата за кои заинтересираните лица ќе учествуваат на јавното наддавање.

Право на учество немаат лицата коишто немаат уплатено депозит согласно со оваа точка.

Право на учество немаат вработените на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје и членовите на нивното потесно семејство.

 

3. Пријава за учество на јавното наддавање

Лицата заинтересирани да учествуваат на јавното наддавање треба да пополнат пријава за учество, којашто е достапна на интернет-страницата на РБСМ АД Скопје: https://www.mbdp.mk/Upload/Documents/prijava-fizichki-i-ili-pravni-lica.pdf

Пријавата не може да се менува, а менувањето или непополнувањето на сите нејзини елементи ќе доведе до дисквалификација на нејзиниот подносител од учеството во постапката на јавното наддавање.

Пријавите се доставуваат во архивата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, најдоцна до 16:00 часот претходниот работен ден пред одржување на јавното наддавање.

 

4. Рокови

Усното јавно наддавање ќе се одржи на 28 октомври 2022 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во просториите на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Увид на патничките моторни возила коишто се предмет на јавното наддавање може да се направи секој работен ден во периодот од 17 октомври 2022 до 26 октомври 2022 година од 10:00 - 14:30 часот, со претходна најава на тел. 02/3115-844.

 

5. Постапка на јавно наддавање

Усното јавното наддавање ќе се изврши за секое возило одделно. Учесниците на усното јавното наддавање, коишто ги исполнуваат условите, треба да поседуваат:

- лична карта или пасош;

- заверено полномошно, доколку физичкото лице има полномошник;

- овластување за претставниците на правните лица и тековната состојба.

Минималниот износ за наддавање е 1.000,00 денари.

 За најповолен понудувач ќе биде избран учесникот кој ја понудил највисоката цена на усното јавно наддавање на предметното возило.

Најповолниот понудувач е должен да го уплати преостанатиот износ од купопродажната цена и да го склучи договорот за купопродажба на имотот во рок од пет работни дена од денот на приемот на одлуката за избор на најповолен понудувач.

Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во определениот рок, паричните средства депонирани како депозит за учество на усното јавно наддавање нема да му бидат вратени.

Јавните давачки, како и нотарските трошоци, се на товар на најповолниот понудувач.

Депозитот којшто го уплатиле учесниците во наддавањето ќе им биде вратен по завршувањето на постапката.