Јавен повик бр. 1, COVID4
Врз основа на Законот за Развојна банка на Северна Македонија (Сл.Весник на Република Македонија бр.105/2009 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.77/21), Договорот за администрирање на Фонд за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – Ковид 4 бр.03-6659/1 од 17.06.2021 година и бр.13-5760/1 од 22.06.2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, објавува:
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци, занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, ПЗУ и се регистрирани во Република Северна Македонија, од Фонд за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – ,,Ковид 4”.
Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – ,,Ковид 4” од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства од буџетот на Република Северна Македонија во износ од 615.000.000 денари.
Износ на кредитот:
Износот на кредитот зависи од бројот на вработени и падот на приходите.
Максималниот износ на кредит кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 1.845.000 денари, а минималниот износ на кредит не може да биде под 184.500 денари.
Начин на пласирање:
Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите наведени во Барањето за кредит кое го поднесува барателот согласно овој Јавен повик.
Рокови на отплата:
Кредитите од Кредитната линија „КОВИД 4“ ќе се одобруваат со рок на отплата од 36 до 42 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални периоди на отплата.
1. Микро, мали и средни трговски друштва (со приоритетна дејност согласно тековната состојба) од следните сектори погодени од кризата COVID 19 и тоа:
49.10 - Патнички железнички транспорт, меѓуградски,
49.31 - Градски и приградски патнички копнен транспорт
49.39 - Друг патнички копнен транспорт, неспомнат на друго место,
49.41 - Товарен патен транспорт,
50.3 - Внатрешен патнички воден транспорт,
52.21 - Услужни дејности поврзани со копнениот превоз,
52.24 - Претовар на товар,
52.29 - Останати придружни дејности во превозот,
55.1 - Хотели и слични објекти за сместување,
55.10 - Хотели и слични бјекти за сместување,
55.2 - Одморалишта и останати објекти за пократок престој,
56.1 - Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна,
56.10 - Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна,
56.29 - Останати услуги за подготвување и служење на храна,
56.3 - Подготовка и послужување на пијалоци,
59.11 - Дејности на производството на филмови, видеофилмови
77.39 - Изнајмување и давање под закуп (лизинг) на останати
79.1 - Дејности на туристичките агенции и организаорите на патувања (туроператори),
79.11 - Дејности на туристичките агенции,
79.12 - Дејности на организатори на патувања (туроператори)
82.30 - Организација на состаноци и деловни саеми
90.01 - Изведувачка уметност
90.02 - Помошни дејности во изведувачката уметност
90.04 - Дејности на објекти за културни манифестации
Обезбедување
Заемот се обезбедува со меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.
Останато
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија. по одобрување на кредитното барање, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.
III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Право на поднесување на кредитно барање имаат, микро, мали и средни трговски друштва (согласно листа на шифри на приоритетни дејности во точка II од овој Јавен поовик), трговци поединци, занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и ПЗУ кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%.
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.
Субјектите кои ќе бидат корисници на кредит од кредитната линија ,,Ковид 4”, ќе имаат можност за користење на грант, односно да добијат отпуштање на дел од долгот. За да може да користат грант, кредитокорисниците ќе треба да поднесат Барање за грант до Развојна банка на Северна Македонија штом ги исполнат следните услови:
Исполнетоста на критериумите за користење на грант ќе се оценува во моментот на поднесување на Барање за грант (барање за отпуштање на долг).
РБСМ го одобрува барањето за грант компонентата и врши отпуштање на долг во процентот на одобрената грант компонента, пресметан во поседните рати на отплата на кредитот.
V. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Документ без кој нема да се обработува барањето за кредит е Кредитно барање од кредитобарателот, кој е образец објавен на веб страницата на банката и кое ги содржи основните информации на кредитобарателот, износот на кредит кој го бара, инструкции за плаќање и други информации.
Апликацијата за кредит се смета поднесена до Развојна банка на Северна Македонија на датумот, часот и минутите во кои формуларот Кредитно барање пристигнал на е-маил адресата за Јавниот повик.
Документација која кредитобарателот треба да ја достави, а која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност:
Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање.
Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.
Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.
Кредитните барања можат да бидат потпишани рачно или со дигитален сертификат.
Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.
VIII. OПШТИ ОДРЕДБИ
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 20 дена, со почеток од 15 јули 2021 година од 9:00 часот наутро и завршува на 03 август 2021 година во 23:59 часот.
Електронската адреса на која треба да пристигнат кредитните барања ќе биде НЕАКТИВНА пред 09:00 часот.
Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затворање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Несоодветните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.
Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги известува кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави информација за јавност на својата веб страница.