Јавен повик бр. 1, COVID3
Врз основа на Законот за Македонска банка за поддршка на развојот (Сл.Весник на Република Македонија бр.105/2009), Договорот за администрирање на Фонд за микро и мали претпријатија бр.10-7500/2 од 12.11.2020 година и бр.15-8547/1 од 17.11.2020 година Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, објавува:
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија за директна поддршка на микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија.
Фондот за микро и мали претпријатија од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија кои се ставени на располагање на Фондот во износ до 30 милиони евра во денарска противвредност и буџетски придонес во износ од 60 милиони денари.
Намена на кредитот:
За основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал како и поддршка при реализација на проекти за купување на основни средства во функција на реализација на бизнисот.
Износ на кредитот:
Максималниот износ на кредитот кој може да биде одобрен на кредитокорисник трговско друштво не може да надмине износ од 922.500 денари.
Максималниот износ за трговец поединец и занаетчија не може да надмине износ од 307.500 денари.
Минималниот износ на кредит кој може да биде одобрен на кредитокорисник од оваа кредитна линија не може да биде помал од 184.500 денари.
Критериуми за одобрување:
Квалификувани кредитобаратели се:
1. Микро и мали трговски друштва, трговци поединци, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) класифицирани согласно Тековна состојба;
2. Кои немаат неплатени јавни давачки и придонеси, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на даноците и придонесите во согласност со посебните прописи од областа на даноците и истите редовно ги плаќаат, најмалку заклучно со 31.01.2020 година или подоцна;
3. Кои не се во постапка на стечај или ликвидација;
4. Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар на Република Северна Македонија;
5. Согласно финансиските извештаи за последната фискална година имаат главнина и резерви (наведен во билансот на состојба) не помалку од 33% од износот на бараниот кредит;
Овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП.
6. Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија со состојба на 31.01.2020 година, се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или нема обврски кон банките;
7. Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија се во ризичната класификација В –редовен статус со пресметана исправка на вредност/посебна резерва во однос на вкупна изложеност на банките кон одреден клиент помала или еднаква на 29,9% со состојба на 31.01.2020 година, само ако показателот за степенот на финансиска задолженост е помал од 5,0 (сооднос меѓу вкупни обврски по заеми и кредити / главнина и резерви од билансот на состојба). Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари;
Овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП.
8. Бележат пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август (април, мај, јуни, јули или август) од 2020 година, споредено со истиот месец во претходната година – 2019;
или
бележат пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август (април, мај, јуни, јули или август) од 2020 година, споредено со просечните реализирани месечни приходи во 2019 година (пресметано како вкупни приходи 2019 / 12 месеци). За овој критериум, кредитобарателот дава Изјава под морална и кривична одговорност.
Обезбедување
Заемот се обезбедува со меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.
Останато
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија, по одобрување на кредитното барање, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.
III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Право на поднесување на кредитно барање имаат, микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%.
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.
IV. ГРАНТ КОМПОНЕНТА
Доколку на кредитобарател му е одобрен кредит, тогаш тој може да побара да користи грант компонента (отпуштање на долг) од 30% од износот на кредитот. За да може да користи грант компонента, кредитокорисникот, по исполнување на следните два услови се стекнува со право да побара отпуштање на долгот:
Категорија 4:
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, доставува доказ за реализација на проектите/активностите поврзани со:
V. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Документ без кој нема да се обработува барањето за кредит е Кредитно барање од кредитобарателот, кој е образец објавен на веб страницата на банката и кое ги содржи основните информации на кредитобарателот, износот на кредит кој го бара, инструкции за плаќање, и други информации.
Документација која кредитобарателот треба да ја достави или која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност.
Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање. Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.
Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.