Развојна банка на Северна Македонија ја заврши 2021 година со двоцифрен раст на портфолиото и позитивни резултати
Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената криза, и во 2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ), како единствена развојна банка во целосна државна сопственост оствари позитивни резултати, ставајќи го притоа целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана - поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. Во однос на претходната година, вкупната актива на Банката е зголемена за 21% и изнесува 14,5 милијарда денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 19%, на портфолиото од кредитното осигурување од 38% и на факторингот од 11%.