Исплатени се 2,1 милиони евра од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите кон деловните банки
Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на проекти на мали компании и инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност од областа на производство, трговија и транспорт, во износ од 1,97 милиони евра.
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 63% во опрема, 30% во градежи, 2% во обновливи извори на енергија и 5% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 1 микро, 5 мали и 3 средни компании во државата.
Со оваа транша, Развојна банка, досега исплати вкупно 233,5 милиони евра кон деловните банки, што претставува 93% од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој.