02.11.2006

15.02.2007

На ден 15 февруари 2007 година потпишан е договорот меѓу МБПР и Германската KfW за користење на трета кредитна линија за микро кредити за микро и МСТД од РМ. Износот на кредитната линија е 7,6 милиони евра, а ќе се користи преку ТУТУНСКА БАНКА Скопје, ИКБАНКА Скопје, ИНВЕСТБАНКА Скопје и ПРОКРЕДИТ БАНКА Скопје. Крајни корисници на оваа кредитна линија се трговските друштва со помалку од 100 вработени лица (може и индивидуални претрприемачи), со претежно производна дејност, вклучително и земјоделски преработки, како и трговски и услужен сектор. Максимум поединечен кредит е 50.000 евра, со рок на отплата до 4 години, со можен грејс период од 1 година. Каматните стапки ги определуваат деловните банки прекуи кои се пласираат кредитите.