Ноември, 2006

02.11.2006

ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА. Меѓународната банка за обнова и развој (International Bank for Reconstruction and Development) иницира реализација на проект во Р. Македонија под назив „Проект за одржлива енергија” во вкупен износ од 3.700.000 УСД (1.200.000 американски долари – гаранции и 2.500.000 американски долари - кредити). Операционализацијата на проектот преку МБПР се очекува да започне од Март 2007. Согласно Одлуката на У.О., МБПР ќе учествува во кофинансирањето на проектот со свои средства, во износ од 2,5 мил.УСА долари.