01.01.2005

01.01.2005

МБПР осигурувањето го врши на нов начин, под ново име на финансискиот производ - трговско кредитно осигурување.

Трговските друштва кои преку трговски договор продаваат на отворено на странски купувачи изложени се на потенцијална финансиска штета. Ваквата финансиска штета може да произлезе од комерцијални и/или некомерцијални ризици ако купувачот на стоката или услугите, не плати на доспеаниот датум за стоката и/или услугите кои се предмет на трговскиот договор.

За да им помогне на извозниците вклучени во вакви активности, трговско кредитното осигурување е инструмент кој дава заштита на трговските друштва за висок процент од износот на неплатената фактура по неплаќањето на стоката која е испорачана и фактурирана за време на кредитно осигурителниот период.

Со овој производ МБПР покрива 90% од осигурениот извоз.
За новиот производ информации и документација ви се достапни во делот на осигурувањето на нашата web страница.