Политиката за приватност е важна алатка за постигнување усогласеност со член 16 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42/20 и 294/21). Оваа Политика за приватност, дава општи информации за обработка на личните податоци кога ја посетувате нашата веб – страница, како и информации за обработка на личните податоци кои и се неопходни на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) за остварување на законските цели, задачи и овластувања. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. 

РБСМ во своето работење, ги почитува и применува сите начела поврзани со обработката на лични податоци, а со цел да обезбеди дека вашите лични податоци се обработуваат согласно прописите за заштита на личните податоци, односно дека тие се:

  • обработувaат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на вас („законитост, правичност и транспарентност“),
  • собираат само за конкретни, јасни и легитимни цели и дека нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели; („ограничување на целите“),
  • соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои ги обработуваме („минимален обем на податоци“),
  • точни и ажурирани, при што секогаш преземаме мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што можеби ќе бидат неточни или нецелосни, притоа водејќи се секогаш од целите заради кои ги обработуваме („точност“),
  • чувани во форма која ни овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, но не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат, или подолго од законски утврдениот рок („ограничување на рокот на чување“),
  • обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).


Контролор на лични податоци
Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) со седиште на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26, 1000, Скопје, Република Северна Македонија е контролор на личните податоци.

Цели за обработка
РБСМ обработува лични податоци за остварување на законските цели, задачи, обврски и овластувања, за заштита на животот или здравјето на луѓето/вработените, заштита на сопственоста на институцијата, како и за исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна, или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци пред неговото пристапување кон договорот.

Чии податоци обработува банката - категории на субјекти на лични податоци
РБСМ обработува податоци поврзани со следните категории на субјекти на лични податоци:

  1. Физички лица основачи, потписници, овластени лица, вистински сопственици или др. на правните лица - корисници на финансиските производи и услуги на РБСМ (кредитирање и комисиони работи, кредитно осигурување и факторинг, гаранции, финансии и др.),
  2. Физички лица или лица основачи, потписници, овластени лица, вистински сопственици или др. на правните лица - добавувачи, даватели на услуги потребни за работењето на РБСМ,
  3. Вработени и отстапени лица во РБСМ,
  4. Кандидати за вработување во РБСМ,
  5. Членови на Надзорен одбор и други органи на РБСМ,
  6. Учесници на обуки и настани организирани од РБСМ,
  7. Посетители на веб-страницата на РБСМ,
  8. Лица странки и посетители на РБСМ,
  9. Лица подносители на поплаки, барања за пристап до информации од јавен карактер и барања за остварување на правата за заштита на личните податоци, и
  10. Лица укажувачи и лица за кои има сомневање или сознание дека извршиле, вршат или ќе извршат казниво, неетичко или друго незаконско или недозволиво постапување со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес.

Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, и тоа:

  • Преку вашето користење на контакт-формата на нашата веб-страница,
  • Преку нашите е-адреси: info@mbdp.com.mk, info.osiguruvanje@mbdp.com.mk, kreditiranje@mbdp.com.mk и др.,
  • Преку пошта,
  • Лично од вас,
  • Од други контролори преку интернет или приватна електронско-комуникациска врска,
  • Преку видео надзор.


Категории на корисници на личните податоци
Активностите на обработка на личните податоци се извршуваат од страна на овластени лица вработени во РБСМ.
Вашите податоци не ги споделуваме со трети лица, освен во следните случаи:

  1. Во случај на ангажирање на даватели на услуги – обработувачи на лични податоци кои се обврзани да постапуваат според упатствата на РБСМ и да обезбедат соодветна заштита на личните податоци при обезбедувањето на тие услуги,
  2. По барање на правосудните или други надлежни органи, институции и други субјекти и тела за вршење на нивните надлежности, и тоа само во случај доколку постои законска обврска (суд, МВР, Агенција за заштита на личните податоци, нотари, извршители, Влада на РСМ, Министерство за финансии на РСМ и сл.).

Пренос на лични податоци
РБСМ може да врши пренос на лични податоци од одредени  категории на субјекти на лични податоци во земји членки на Европската Унија (ЕУ) или Европскиот економски простор (ЕЕП), за што РБСМ ја известува Агенцијата за заштита на личните податоци, и притоа продолжува да ги штити личните податоци со примена на соодветни заштитни мерки во согласност со прописите за заштита на личните податоци кои го уредуваат преносот на личните податоци.

РБСМ може исто така да врши пренос на лични податоци од одредени категории на субјекти на лични податоци во други земји кои не се членки на ЕУ и ЕЕП, при што РБСМ обезбедува заштита на личните податоци преку доследно почитување и примена на соодветни заштитни мерки за заштита во однос на обработката во врска со преносот, а во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработка, освен доколку околностите наложуваат подолго задржување (пр. да се истражи вирус или злонамерен напад преку користење на веб-страницата на РБСМ, да се истражи нарушување на физичката  безбедност на РБСМ, како и други случаи за кои согласно законот е потребно да се обезбеди доказен материјал).

По исполнување на целта заради која податоците биле обработени, а доколку не постои друга правна основа или законска обврска за чување на личните податоци, тие се бришат, уништуваат или соодветно анонимизираат.

Мерки за заштита на личните податоци
Работењето и постапувањето на РБСМ во однос на заштитата на личните податоци на субјектите на лични податоци кои се обработуваат од страна на РБСМ е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РСМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци, како на пример:

  • се применуваат строги безбедносни постапки за намалување на ризикот од нарушување на безбедноста на личните податоци како што се неовластено откривање, неовластено пристапување до личните податоци на физичките лица и други безбедносни инциденти;
  • опремата/просториите каде што се чуваат личните податоци е лоцирана во безбедна средина со ограничен физички пристап;
  • се користат заштитни ѕидови (firewall), силни лозинки, антивирусни програми и други мерки за заштита на личните податоци (на пр., криптирање и псевдонимизација).
  • пристап до личните податоци во рамките на РБСМ имаат само овластени лица, при што овластувањата се регулирани во согласност со работните процеси во банката;
  • вработените лица во РБСМ се посветени на обезбедување доверливост;
  • РБСМ спроведува редовни обуки за заштита на личните податоци за вработените лица со што се обезбедува задоволително ниво на свест во рамките на организацијата.


Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на личните податоци се:

  1. Правото на информираност и пристап до личните податоци,
  2. Правото за исправка на личните податоци,
  3. Правото за бришење на личните податоци,
  4. Правото на ограничување на обработката на личните податоци,
  5. Право на преносливост на податоците,
  6. Право на приговор и автоматизирано донесување на поединечни одлуки,
  7. Право на повлекување на согласноста.


Субјектот на лични податоци на негово барање може да добие информација за тоа:

  • дали се обработуваат лични податоци за субјектот подносител на барањето;
  • кои категории на лични податоци се обработуваат;
  • за кои цели и кој е правниот основ;
  • корисниците или категориите на корисници;
  • изворите на личните податоци;
  • роковите на чување на личните податоци;
  • дали се врши пренос на личните податоци во трети земји или меѓународни организации.


За остварување на вашите права, можете лично да поднесете барање или преку полномошник. Образецот се наоѓа на следниот линк:


Доколку имате дадено согласност на РБСМ за обработка на вашите лични податоци, имате право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена, кога обработката се врши врз основа на членот 10 став (1) алинеја 1 или врз основа на членот 13 став (2) точка 1) од Законот за заштита на личните податоци.

За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на личните податоци.


Право на поднесување барање до АЗЛП
Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) е независен државен орган кој е надлежен за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија, како заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на личните податоци (www.azlp.mk).

Доколку сметате дека начинот на кој РБСМ ги обработува вашите податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.


Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени. Последното ажурирање на оваа Политика за приватност е извршено на 8. март 2024 година.

 

Изјава за приватност при вршење на видеонадзор