Ноември, 2006

02.11.2006

  • ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА. Меѓународната банка за обнова и развој (International Bank for Reconstruction and Development) иницира реализација на проект во Р. Македонија под назив „Проект за одржлива енергија” во вкупен износ од 3.700.000 УСД (1.200.000 американски долари – гаранции и 2.500.000 американски долари - кредити). Операционализацијата на проектот преку МБПР се очекув...

Октомври 2006

02.10.2006

  • Со Решение (Службен весник на РМ бр. 103 од 02.10.2006), Владата на РМ ги именува новите претставници на државниот капитал во Собранието на МБПР, и тоа: Михаил Петковски, Владе Цветановски, Фатон Шабани, Јасминка Васкова – Ташкова, Оливер Костуранов.  

Август 2006

15.08.2006

  • Управниот одбор на МБПР донесе одлука со која МБПР се овластува да склучи договор за преземање на администрирањето со средствата од револвинг фондот на обврските кон Европската Инвестициона банка.

15-16 јуни 2006

16.06.2006

  • МБПР организира Регионална конференција на банки и Извозно кредитни организации, хотел Дрим Струга, на 15-16 јуни 2006 година. Мисијата на Македонска банка за поддршка на развојот е да го поддржи развојот на македонските компании преку обезбедување на финансиски извори и промоција на македонскиот извоз. Со цел да овозможи подобра услуга, во 2001 година, МБПР го воведе трговското кредитно ос...

15.02.2006

15.02.2006

  • Управниот одбор на МБПР го усвои правилникот за работењето на Гарантниот фонд во рамките на МБПР. Со тоа Гарантниот фонд станува оперативен.