Кире Наумов
ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
Кире Наумов е роден 1971 година во Скопје. По дипломирањето на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на Катедрата за деловна економија, својата кариера ја започнува во Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал како соработник во Секторот за финансии и контрола. Во текот на својата кариера, работи како асистент од областа на математиката и статистиката на Економскиот факултет во Скопје, советник за економски прашања на претседателот на Владата на РМ, советник за економски прашања на претседателот на Република Македонија, директор на Агенцијата за разузнавање на РМ, претседател на Одбор на директори на осигурително брокерско друштво, дополнителен заменик- министер за финансии и заменик на министерот за економија.
Повеќе од 20 години е вклучен во економските прашања поврзани со јавниот долг и јавните финансии, предизвиците во приватниот сектор и јавните политики.Со искуство повеќе од 7 години во советување на креаторите на јавните политики, ентузијаст кој се стреми да придонесе кон поефикасен, транспарентен и одговорен јавен финансиски сектор. Голем критичар на јавните политики кои резултираат во непродуктивно трошење и пораст на јавниот долг, и воопшто на нетранспарентните јавни процеси.
Човек кој постојано се надградува, читањето му е посебно задоволство, и тоа најчесто теми од политиката, јавни политики, историја и индикатори на економски развој.
Од 22.11.2019 год., Кире Наумов ја извршува должноста главен извршен директор и член на Управен одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Фарук Исмаили
ГЛАВЕН ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР
Фарук Исмаили е роден 1976 година во Тетово. По дипломирањето на Економскиот факултет при Универзитетот ЕГЕ во Измир, Турција, својата професионална кариера ја започнува во општина Тетово како референт за локален економски развој. Во текот на својата кариера, работи како референт за кредитирање на правни лица во Стопанска банка, раководител на експозитура на Охридска банка во Тетово ,и регионален раководител на експозитурите на Охридска банка во Тетово и Гостивар. Од 16.12.2019 година, Фарук Исмаили ја извршува должноста главен оперативен директор и член на Управен одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Магдалена Симоновскa
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Магдалена Симоновска е родена 1978 година во Скопје. По дипломирањето на Eкономскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на Катедрата за финансии и банкарство, својата професионална кариера ја започнува во Прокредит банка Скопје, каде работи шеснаесет години на менаџерска позиција, започнувајќи како кредитен референт, директор на експозитурите во Тетово, Куманово и Скопје и регионален директор на експозитурите во Скопје. Во овој период на работењето во Прокредит банка, ја завршува и менаџерската академија специјализирана за општа економија, банкарство и менаџмент на Прокредит академијата во Франкфурт, Германија, како и голем број на интернационални обуки. Својата кариера ја продолжува како директор на различни сектори во централната управа, а потоа и како директор на експозитурата за мали и средни деловни клиенти на Централната управа на Прокредит банка во Скопје. Од 2020 година започнува да работи како посебен советник на министерот за финансии, а од 2021 година и како државен советник за финансиски систем во министерството за финансии.
Советник на министерот за финансии во областа на финансиски системи, јавен долг и меѓународни финансии, јавни приходи и даночна и царинска политика, каки и макроекономија, поддршка во директните странски инвестиции и односи на приватниот сектор со Владата. Искуство во истражување и креирање на економски политики, развојни финансии и конкурентност. Со докажана историја на работа од 17 години во банкарската индустрија поседува вештини во преговарање, бизнис планирање, аналитички способности и истражување на пазарот. Професионално искуство во јавните финансии, банкарство и целата финансиска индустрија, управување со инвестиции и советување за управување (менаџмент), проекти за мали и средни приватни компании и институции од јавниот сектор.
Од 06.12.2021 година ја извршува функцијата Претседател на Надзорен одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Милаим Амети
ЧЛЕН
Милаим Амети е роден 1991 година во Република Северна Македонија. По завршување на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, својата професионална кариера ја започнува како проект асистент во Економската комора на Северозападна Македонија на повеќе проекти, и тоа како надлежно лице на Комората, технички асистент и проект менаџер за РСМ, Словенија и Франција. Работи како истражувач за Хелветас М, проект координатор за РСМ во Економската комора на Северозападна Македонија, а потоа како оперативен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Работи како оперативен директор на Сет-Холдинг, а од 2021 година ги презема должностите за следење на структурните реформи и менаџирање со Кабинетот на заменик претседателот на Владата на РСМ, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори и инвестиции.
Истовремено работи и како надворешен оценувач и специјалист за следење и оценување на проекти финансирани од донатори.
Над осумгодишно искуство во Комората за претприемништво и политики за развој на мал бизнис, регионални стратегии за рамномерен развој, проект менаџер на седум проекти основани од донатори и десет меѓупроектни комори, искуство во консултантскиот сектор. Области на експертиза: управување со проектниот циклус, економски анализи, макро-економски стратегии, развој на алатки за следење и проценка.
Од 10.12.2021 година, Милаим Амети ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Разојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Вјолца Ејупи
ЧЛЕН
Вјолца Ејупи е родена 1984 година во Република Северна Македонија. По завршувањето на Факултетот за бизнис администрација, оддел финансии, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, својата професионална кариера ја започнува во финансискиот сектор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. Во Министерството за економија започнува како раководител на одделение за сметководство и плаќања, потоа финансиски советник во Кабинетот на министерот за економија се до јануари 2020 година, од кога е на позицијата државен советник за финансиски прашања. Од 10.12.2021 година, ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Елена Паговска Пелтековски
ЧЛЕН
Елена Паговска Пелтековски е родена 1984 година во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на Катедрата за менаџмент. По магистрирањето на Економскиот институт при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на Катедрата за меѓународен менаџмент, својата кариера ја започнува во Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, како соработник во Секторот за финансиски прашања. Во текот на својата кариера работи како раководител на секторот за финансиски работи при Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, помошник секретар за финансиски прашања во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, во Секретаријатот за мониторинг и поддршка на институциите при имплементација на програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија и на стратешки проекти.
Повеќе од 13 години е активно вклучена во активности од областа на финансиското и сметководственото работење, буџетското работење, економско управување, поддржување и координирање на процесите и системите во рамки на Генералниот секретаријат, координирање за спроведување на препораките по извршени ревизии. Дел е од успешна реализација на проекти во рамки на Владата на Република Северна Македонија во согласност со Програмата за намалување на аерозагадувањето, успешна имплементација на компонентите за државна помош, регулирани со посебни закони, успешна имплементација на повеќе економски мерки, како и дел од процесите на стратешките инвестиции.
Од 13.04.2022 година, Елена Паговска Пелтековски ја извршува должноста член на Надзорен одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Маја М. Ангеловска
ЧЛЕН
Маја М. Ангеловска е родена 1965 година во Скопје. Образованието го стекнува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за правни и политички науки - управно политичка насока во 1989 година. Стекнува дополнителни обуки на академијата на Дојче Телеком, за 6 Сигма процес дизајн, за проект менаџмент во Центарот на МАТАВ, како и обуки за вештини на јавна комуникација и брокер за осигурување од 2023 година со Решение на АСО.
Својата кариера ја почнува во Јавното претпријатие ПТТ Македонија, во 1991 година, сé до 2015 година. Од 2017 до 2019 година се приклучува на тимот на А1 Македонија во процесите на оперативно спојување и ребрендирање. Од март 2022, е надворешен советник за дигитализација на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Актуелно директор на Служба за интерна продажна мрежа во АД Кроациа-живот, а од 13.11.2023 година ја извршува функцијата член на Надзорен одбор на Развојна банка на Северна Македонија.
Работното искуство го реализира како извршен директор за развој на продажни канали и управување со продажба во корпоративен и резиденцијален сегмент во АД Македонски Телеком, директор за продажба на резиденцијални корисници во А1 Македонија, директор на интерна продажна мрежа во Кроациа Осигурување-живот.
Функционални специјалности: извршен менаџмент, деловна стратегија, иновации, развој на бизнисот, развој на производи и услуги, дигитализација на процеси, комплексни апликациски и оперативни спојувања и управување со човечки ресурси.
Оперативно искуство: продажба во финансиски институции осигурување - живот, фиксни и мобилни телекомуникации (продажна стратегија, технологија, развој на производи, иновации, бизнис трансформација), специјализирани платежни производи (кредитни производи, осигурување на мобилни уреди, припејд картички, мобилни плаќања), мрежи на партнери, системи за мотивација базирани на креирање вредност, стратегии за раст, производи и иновации во услугите, претприемништво, олеснување и менторство (млади лидери, високи потенцијали и старт-ап).
„Инспирирана од иновативност и лидерство кој го спојува оптимизмот со прагматичен реализам, наоѓам можност онаму каде што другите не ја препознаваат. Гледајќи на работите поинаку и правејќи работите да се случат во корпоративни, консултантски и средини кои ентузијастички почнуваат нови поглавја, ја реализирам својата професионална кариера. Сето тоа ми дава широки и нови перспективи кои обезбедуваат импулс за нови трансформациски идеи. Наоѓањето решенија за тешките предизвици е она што ме покренува.“