Основни информации

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје е членка на неколку меѓународни организации и институции, кои работат на исти или слични области како и РБСМ: главно развојно-финансиски институции и  извозно-кредитни агенции. Овие финансиски институции го поддржуваат развојот на економиите, ги намалуваат ризиците, вршат  размена на информации и други начини на соработка. РБСМ настојува да ги интензивира контактите и добрите односи со разни меѓународни институции, деловни банки, осигурители и реосигурители.




ЕАПБ – Европско здружение на јавни банки

logo

Здружението е активно од 2000 год. и ги застапува интересите на финансиските институции во државна сопственост во однос на законодавните тела на ЕУ.

https://www.eapb.eu/


Прашки клуб, дел од Бернска Унија

logo

Бернска унија е основана 1934 година, со цел да ја поддржи меѓународната трговска размена и инвестициите. Членките на Бернска унија се јавни и приватни финансиски институции од повеќе земји кои преку поддршка на извозот и надворешните инвестиции ја промовираат меѓународната размена и инвестициите на развиените и на пазарите во развој. За таа цел, тие вршат осигурување на побарувањата на извозниците или на нивните банки од политички и комерцијални ризици. Членките на Бернска Унија поддржуваат вкупно 10% од вкупната светска трговска размена.
Прашки клуб е основан на иницијатива на Бернската унија и неколку извозно кредитни агенции во почетокот на 90-тите години. Членките на Прашки клуб се кредитни агенции кои според големината, обемот на поддршката што го даваат во светската трговија е помал во споредба со поддршката што ја обезбедуваат членките на Бернска унија. Основната цел на ова здружение е обезбедување поддршка на своите членки во развојот на краткорочно и долгорочно извозно кредитно осигурување и финансирање. Членките на Прашки клуб одржуваат редовни состаноци со цел разменување на искуства. Развојната банка на Северна Македонија е членка на Прашки клуб од 2001 година.

https://www.berneunion.org/


Европска инвестициска банка

logo

ЕИБ е финансиска институција на Европската унија формирана 1958 година со Римскиот договор, која учествува рамо до рамо со локалните финансиски институции во финансирањето на инвестициските програми и проекти кои се дел од целите на Европската унија и на Република Северна Македонија.
Мисијата на ЕИБ е преку финансирање на квалитетни проекти да овозможи поддршка во остварувањето на целите на политиката на Европската унија. Покрај поттикнувањето на проекти на државите членки, една од основните кредитни активности е и финансирање на инвестиции во идните членки на Европската унија и земјите партнери, кои позитивно влијаат на јакнење на европските интеграции. Во таа насока се одвива и соработката на ЕИБ со РБСМ. РБСМ својата соработка со ЕИБ ја интензивираше кога на 26. јуни 2009 год. го потпиша договорот за реализација на кредитна линија за поддршка на МСП и приоритетни проекти (индустриски инвестиции од областа на економијата,  енергетиката и заштита на околината) во износ од 100.000.000 ЕУР. Оваа соработка продолжи и на 14. октомври 2011 год. Се потпиша договор за реализација на втора фаза од оваа кредитна линија, исто така, за поддршка на МСП и приоритетни проекти од областа на економијата, енергетиката, услужните дејности и заштита на околината во вкупен износ од 50.000.000 ЕУР. На 10. јули 2012 год. пак, е потпишан нов договор во износ од 100.000.000 ЕУР, со што отпочна реализацијата на третата фаза од ЕИБ кредитната линија. Понатамошната соработка резултираше со потпишување на договор на 31.12.2013 год. за нови 1000.000.000 ЕУР, со што започна реализацијата  на четвртата фаза од оваа кредитна линија. На 11.09.2018 год. се потпиша договор за реализација на петтата фаза од ЕИБ кредитната линија во износ од нови 100.000.000 ЕУР. На 21.06.2021 год. е потпишан нов договор со ЕИБ за справување со Ковид-19, за нови 100.000.000 ЕУР, со што започна реализацијата на шестата фаза од ЕИБ кредитната линија. На 24.07.2023 год. е потпишан нов договор со ЕИБ за кредитирање на мали и средни претпријатија (МСП), средно пазарно капитализирани претпријатија (MID-CAP компании) и зелена транзиција во износ од 100.000.000 ЕУР, со што започна реализацијата на седмата фаза од ЕИБ кредитната линија.

РБСМ ги пласира кредитните средства на ЕИБ во соработка со комерцијалните банки преку постоечките програми за кредитирање, за што подетални информации можете да добиете во Вашата деловна банка или директно во РБСМ. Банките- учеснички од кредитната линија на ЕИБ одобруваат кредитни средства кои се минимум за 50 базични поени поповолни од каматната стапка која банките -учеснички би ја наплатувале од крајните корисници без учеството на ЕИБ.
Веруваме дека соработката меѓу РБСМ и ЕИБ во условите на пристапувањето на РСМ во Европската унија директно ќе придонесе кон зачувување на постоечките работни места и зголемување на бројот на вработени, зголемување на извозот како и зголемување и развој на македонското стопанство.

 
https://www.eib.org/en/about/index.htm


Кинеска развојна банка

logo

Кинеската развојна банка е најголема развојна финансиска институција во светот со регистриран капитал од вкупно 421.248 милијарди RMB или околу 54.210 милијарди ЕУР и најголема кинеска банка за странски инвестициски и финансиски договори, долгорочно кредитирање и издавање на меници. Банката располага со голем обем на меѓународни производи.
На 27. ноември 2017 год. Кинеската развојна банка потпиша договор за соработка со кој се основа интер-банкарската асоцијација помеѓу Кина и Централноисточните  европски држави. Оваа асоцијација претставува збир на држави застапувани од сопствените развојни, инвестициски или извозни банки. Целта на Договорот е поддршка на развојот на економијата, општеството, трговијата и инвестициите помеѓу Кина и Централноисточните европски држави преку соработка во финансискиот сектор.
Членки на ова здружение се следните финансиски институции:
1. Кинеска развојна банка
2. Развојна банка на Северна Македонија
3. Бугарска развојна банка
4. Чешка извозна банка
5. Хрватска банка за обнова и развој
6.Словачка извозно-увозна банка
7. Инвестициски и развоен фонд на Црна Гора
8. Латвијска развојна финансиска институција АЛТУМ
9. Литванска јавна инвестициско развојна агенција ВИПА
10. Унгарска развојна банка
11. Банка Поштенска штедилница, Србија
12. Словенска извозна и развојна банка
13. Романска извозна и увозна банка
14. Инвестициско-развојна банка на Република Српска 

 
http://www.cdb.com.cn/English/


Европска Унија

logo

Европската Унија претставува група од држави на територијата на Европа. Целта на здружувањето на овие држави е да ги направат нештата подобри, полесни и побезбедни за луѓето. Поврзувајќи ги своите способности, ресурси и дестинации, тие заедно изградија зона на стабилност, демократија и одржлив развој, истовремено одржувајќи ги културните различности, толеранцијата и индивидуалните слободи. Европската Унија е посветена  да ги споделува своите достигнувања и своите вредности со државите и луѓето надвор од своите граници.

 
https://european-union.europa.eu/select-language?destination=/node/1


ИМЕ

logo

Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведена од страна на американската групација Паладиум.
ИМЕ има за цел зајакнување на деловниот сектор, преку создавање на поволна клима во три сектори со високорастечки потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).
Активностите на ИМЕ се насочени кон проширување на пазарите и зајакнување на конкурентноста на домашните чинители во овие три сектори, подобрување на финансискиот перформанс преку подобрување на квалитетот на производите и услугите, и создавање одржливи работни места за висококвалификуваниот кадар во Северна Македонија, особено за жени и млади.
Програмата ИМЕ, работи во правец на создавање на 2.706 нови работни места. Резултатите кои се стреми да ги постигне преку развој на пазарниот систем се:

- раст и развој на компаниите во избраните сектори, преку подобрување на производите, услугите и проширување на пазарите.
- подобрени услуги и унапредена политика и регулатива, со што ќе се создаде постимулативна околина за раст на компаниите во избраните сектори, и
- компаниите да обезбедат поатрактивни и инклузивни услови за работа на млади и жени, како и нивно задржување на работните места.

 
https://ime.org.mk/


АФД – Француска развојна агенција

logo

Француската развојна агенција - АФД (Agence Française de Développement) е јавна институција која придонесува за спроведување на одржливи политики и програми во областа на развојот и меѓународната солидарност.

АФД ја финансира, поддржува и забрзува транзицијата кон поправеден и поодржлив свет. Фокусирајќи се на климата, биодиверзитетот, мирот, образованието, урбаниот развој, здравството и управувањето, нивните тимови спроведуваат повеќе од 4.200 проекти во прекуокеанските одделенија и територии на Франција и уште 150 земји. На овој начин, АФД придонесува за поддршка на Целите за одржлив развој (SDGs).

Соработката на Развојна банка на Северна Македонија со Француската развојна агенција започна на 21.12.2023 година со потпишување на договорот за реализација на АФД кредитната линија во износ од 50 милиони евра. Кредитната линија е наменета за финансирање на зелени инвестиции и дигитализација, како и поддршка на женското претприемништво за домашните компании.

https://www.afd.fr/en


Други институции

РБСМ има склучено договори за соработка со следните кредитни агенции и развојни банкиАОФИ од Србија, БАЕЗ од Бугарија, ХБОР од Хрватска, СИД-ПКЗ од Словенија, ИГА од Босна и Херцеговина, МЕХИБ од Унгарија, КУКЕ од Полска, ЕГФИ од Иран, ЕКСИМГАРАНТ од Белoрусија, СЕП од Саудиска Арабија, ТУРК ЕКСИМБАНК од Турција, Бугарската развојна банка (БДБ)Германската развојна банка (КфВ) и други.

РБСМ соработува со повеќе меѓународни институции, како: ОЕЦД, Светска банкаМИГАИБРДЕИБЕБРДЦЕБ...