Вести

РБСМ, 26.05.2020

 

Од 57-та седница на Владата:


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од Кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, и го потврди предлогот на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје со кој на 117 компании кои вработуваат 3.001 лица, им се одобрени кредити во вкупен износ од 2 милиони евра.

Од овие 117 апликанти – 58 или 50% се компании до 10 вработени, 43 или 37% се компании до 50 вработени и 16 или 14% се компании до 250 вработени.

 

РБСМ, 20.05.2020 - Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, редовно прави исплати на кредитните барања кои се одобрени од првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид1”. Заклучно со 19 мај 2020 година, се исплатени 4,05 милиони евра кон 531 компанија со вкупно 4.948 вработени, односно 72% од одобрените кредитни барања.

Од кредитните барања одобрени на 8 април 2020 година се исплатени 98% од компаниите.Oд кредитните барања одобрени на 14 април 2020 година се исплатени 97% од компаниите.Oд кредитните барања одобрени на 28 април 2020 година се исплатени 74% од компаниите и од кредитните барања одобрени на 12 мај се исплатени 4% од компаниите. 

Исплатите за првата бескаматна линија се одвиваат редовно, а отпочнаа на 15 април 2020 година. Во просек се исплаќаат по 184 илјади евра дневно, а заклучно со 19 мај 2020 година се исплатени вкупно 4.049.204 евра или 73% од одобрениот износ за исплата.

Во рамки на можностите, а во интерес на транспарентноста, Развојна банка информира за реализираните исплати по денови. 

Кредитните барања се исплаќаат веднаш по завршување на административните процедури,  по воспоставување на обезбедувањето и потпишување на договор за кредит со банката. Вкупно исплатените кредитни барања заклучно со 19 мај 2020 година, во износ од 4,05 милиони евра, се реализирани за 531 компанија од 51 различни места во државата.

Во рамки на можностите, а во интерес на транспарентноста, Развојна банка информира за реализираните исплати по места.

РБСМ, 18.05.2020

Почитувани,


Во согласност со Јавниот повик за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговските друштва и трговците поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд, Ве известуваме дека Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија во целост ја реализираше првата бескаматна кредитна линија „Ковид1“ од средствата од Посебниот кредитен фонд и кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Јавниот повик за кредитната линија беше објавен на 25.03.2020 година, а аплицирањето започна на 26.03.2020 година и траеше 30 дена, заклучно со 25.04.2020 година. Принципот на реализација на кредитната линија беше „прв дојден, прв услужен“.

Процесот на аплицирање се одвиваше исклучиво по електронски пат, согласно мерките за спречување на ширењето на вирусот и заштитата на јавното здравје.

Цениме дека кредитната линија успеа во разумно време да одговори на потребите на микро и малите трговски друштва за обртни средства, при што дури 77% во вкупно одобрените апликации се на микро компании.

Расположивите средства со јавниот повик „Ковид1“ (338 милиони денари) во целост се исцрпени со последните одобрени кредити од пристигнатите апликации на ден 06.04.2020 година до крајот на работното време. Во овој период евидентирани се вкупно пристигнати 1.024 кредитни апликации, од кои 738 се одобрени за кредитирање, а 286 апликации се одбиени поради неисполнување на условите и критериумите од јавниот повик.  

Од одбиените 286 апликанти, 28% се одбиени поради апликација со дејност различна од објавените во јавниот повик, 38% се одбиени поради негативен износ на капитал и резерви како резултат на кумулирани претходни загуби, 11% се одбиени поради презадолженост каде обврските на апликантите го надминувале износот на капитал за повеќе од четири пати, а останатите се одбиени поради недоволен капитал, полоша кредитна категоризација, основани помалку од 6 месеци и некомплетна документација.

Секој од одбиените апликанти ќе добие известување за основот по кој е утврдено дека не ги исполнува условите.

Согласно објавениот повик ги известуваме сите апликанти кои својата апликација за првата бескаматна линија ја направиле на 06.04.2020 година по работното време, дека нивните апликации нема да се разгледуваат од страна на банката, поради целосна исцрпеност на предвидените средства за доделување на бескаматни кредити од Посебниот кредитен фонд согласно ЈАВНИОТ ПОВИК КОВИД1.

Страница 1 од 29