Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
адреса: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26,
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: 02/3115-844, 02/3114-840
факс: 02/3239-688
интернет страница: www.mbdp.com.mk
Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Весна Велјановска
електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Упатство за поведување на постапка за пристап до информации од јавен карактер
Постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е следна:
Усно или писмено барање
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис.
Барателот е должен во барањето да се произнесе за начинот на натамошната комуникација со имателот на информацијата и тоа усно, во писмена форма или во електронска форма.
Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.
Усно барање
Ако барателот бара пристап до информација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата, на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува записник, освен ако се работи за информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација.
Ако имателот на информацијата позитивно одговори на усното барање, веднаш, а најдоцна во рок од пет дена од денот на поднесување на барањето, овозможува запознавање со содржината на бараната информација на начин што му дава на увид или му обезбедува препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација.
Ако имателот на информацијата одговори негативно на барањето или не може веднаш да одговори на барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавањето со информацијата, службеното лице за посредување со информации е должно за барањето да изготви решение во кое ќе внесе податоци за барателот, датумот на прием на барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација.
Против решението, барателот на информација има право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во рок од 15 дена од приемот на решението.
Во случаите кога имателот на информацијата ќе одговори негативно на барањето или не може веднаш да одговори на барањето или ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавање со информацијата, натамошната постапка по усно барање продолжува како по писмено барање во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Писмено барање
За писменото барање за пристап до информации одлучува имателот на информации во постапка утврдена со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
За прашања на постапката од погоренаведеното кои не се уредени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.
Поднесување на барањето
Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации.
Барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено барање.
Содржина на барањето
Формата на образецот на барањето за пристап до информациите е пропишана од директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и истата се наоѓа на нашата веб страница.
Барањето се поднесува на овој образец.
Барањето содржи: назив на имателот на информацијата, личното име и презиме на барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице.
Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).
Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации.
Ако според предметот на барањето произлегува дека се работи за барање за пристап до информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата задолжително го разгледува барањето во согласност со овој закон.
За повеќе информации:
Упатство за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Листа на информации од јавен карактер
1. Закони
- Закон за Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје
- Закон за банките
- Закон за трговските друштва
- Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
- Упатство за спроведување на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
2. Статут
3. Органограм за внатрешна организација
4. Лица со посебни права и одговорности
8. Одговори по добиени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер