Вести

11.09.2018 - Денес во Владата на РМ се потпиша договор за кредит помеѓу ЕИБ и МБПР во износ од 100 милиони евра наменети за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Со потпишувањето на овој договор се отпочнува со реализација на петтата фаза од ЕИБ кредитната линија. Овој нов финансиски договор ја потврдува досегашната интензивната и успешна соработка помеѓу ЕИБ и МБПР за спроведување на кредитни програми за поддршка на МСП и приоритетни проекти започната во 2009 година кога се потпиша првиот договор за кредит. Од тогаш, па до денес, МБПР и ЕИБ потпишаа четири финансиски договори за реализација на кредити во вкупен износ од 350.000.000 ЕУР. Кредитната линија ќе се реализира преку единаесет деловни банки.



  

По потпишувањето министерот за финансии Драган Тевдовски, потпретседателот на ЕИБ, Ендру МекДауел и главниот извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот, Драган Мартиновски, го посетија производствено-логистичкиот центар на Пекабеско, компанија која има користено средства од кредитната линија ЕИБ 1.

Страница 1 од 21